Роналдо решил да остане во Манчестер Јунајтед, помогнал трансферот на Касемиро

од Vladimir Zorba
210 прегледи

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо сепак одлучил да остане во клубот, објави новинарот Педро Алмеида на социјалните мрежи.

Португалецот ќе продолжи да настапува за „црвените ѓаволи“ поради трансферот на играчот од средниот ред на Реал (Мадрид), Касемиро. Двајцата беа соиграчи во мадридскиот клуб.

Изминативе денови низ медиумите се појавија информации дека Роналдо би можел да ја продолжи кариерата во Борусија (Дортмунд), Спортинг (Лисабон) или Олимпик Марсеј. Роналдо е незадоволен од настапот на менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, но е подготвен да остане во тимот.

Имаше информации дека Дортмунд останал единствениот заинтересиран за напаѓачот, но германскиот клуб соопшти дека нема да го купат.

Кристијано Роналдо се врати во Манчестер Јунајтед во август 2021 година, откако претходно играше за клубот од 2003 до 2009 година.