Џонсон, Бајден и Шолц повикаа на воздржаност за нуклеарната централа Запорожје

од Берта Китинска
164 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон и лидерите на САД и Германија, Џо Бајден и Олаф Шолц, во телефонски разговор ја истакнале важноста од обезбедување на безбедноста на нуклеарните постројки во Украина, соопшти денеска кабинетот на Џонсон.

„Премиерот Џонсон, американскиот претседател Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц ја истакнаа важноста од обезбедување на безбедноста на нуклеарните постројки и ги поздравија неодамнешните разговори за можноста за посета на мисијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на нуклеарната централа во Запорожје“, се вели во соопштението.

Слични содржини