Хрватскиот тенисер Борна Чориќ победи на Мастерсот во Синсинати, откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 7:6 (7:0), 6:2.
Како 152-ри на АТП-листата, тој стана најслабо рангираниот тенисер кој освоил трофеј на турнирите од серијата „Мастерс“, а воедно е четвртиот хрватски тенисер кој освоил титула на турнирот во оваа категорија по Горан Иванишевиќ, Иван Љубичиќ и Марин Чилиќ.
Чориќ имаше лош почеток на мечот, губеше со 3:0 и 4:1 во првиот сет, но израмни на 4:4, а потоа беше сигурен во тај-брејкот и стигна до 1:0.
Направи два брејка во вториот сет и стигна до најголемиот триумф во кариерата, благодарение на кој од денеска ќе биде 29. тенисер во светот.