Приведен крадец од Гостивар

од Vladimir Zorba
172 прегледи

Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар расчистија шест кражби и тешки кражби, за чие извршување се сомничи 44-годишниот Б.С. од Гостивар.

Вчера (21 август) околу 13 часот и 30 минути во Гостивар, тој е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар, а по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Инаку, Б.С. во текот на оваа година, најчесто во централното подрачје на Гостивар противправно одземал скапи велосипеди, кои потоа ги препродавал на други лица. Дел од украдените велосипеди се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици.

Слични содржини