Каевски: ВМРО-ДПМНЕ и Левица доживеаја изборен дебакл

од Vladimir Zorba
128 прегледи

„ВМРО-ДПМНЕ и нивниот коалициски партнер Левица доживеаја изборен дебакл. Двојна победа на СДСМ и коалицијата во двете општини каде што имаше избор на градоначалници, Центар Жупа и Маврово Ростуше. И драстичен пад на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово“, посочува денеска Дарко Каевски, портпарол на СДСМ.

„Кандидатот на СДСМ и коалицијата во Маврово Ростуше го победи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 1.300 гласа. ВМРО-ДПМНЕ беше поразена и во Центар Жупа, каде ги бојкотраше изборите, надевајќи се дека ќе проpаднат, но кандидатот на владејачката коалиција победи со освоени над 3.000 гласови.

Во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ има драстичен и постојан пад на гласовите. Од речиси 6.000 гласови во 2017 година на 3.000 гласа на вонредните избори сега.

СДСМ и коалицијата во Центар Жупа има повеќе гласови од ВМРО-ДПМНЕ во Тетово кадешто има над 80.000 гласачи.

А Левица, прорускиот партнер на ВМРО-ДПМНЕ не освои ниту еден советник во Тетово, нула.

Се покажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните а анкетите што ги нарачуваат се неточни и погрешни.

Со овој изборен пораз уште еднаш се поразени сите лаги пласирани од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, сите деструкции на Мицкоски и Апасиев и сите нивни погрешни политики на штета на државата“, истакна Каевски.

Слични содржини