Високиот руски дипломат Генадиј Гатилов, постојан претставник на Русија во Обединетите нации во Женева, ја отфрли можноста војната во Украина да се реши со преговори и предупреди дека конфликтот може да се претвори во долготрајна војна.
Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Гатилов изјави дека нема да има директни средби меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски, пренесе Би-Би-Си.
Гатилов тврдеше дека Киев и Москва се „многу блиску“ до договор за прекин на конфликтот во април, а потоа го обвини Западот дека го продолжува конфликтот „до последниот Украинец“.
„Колку подолго трае овој конфликт, толку потешко ќе биде да се постигне дипломатско решение“, рече тој.
Гатилов ги пофали напорите на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој се труди се да го олесни дијалогот меѓу Русија и Украина.