173
Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел денеска изјави дека ЕУ ја разгледува можноста за формирање мисија за обука на украински војници во една од соседните земји.
„Ова ќе биде важна мисија. Секоја мисија треба да биде на ниво на конфликт. Ова не е мала војна“, изјави Борел, кој престојува во Шпанија, а пренесува агенцијата ТАСС.