Вулверхемптон го зема Калајџиќ пред носот на Јунајтед?

од Vladimir Zorba
217 прегледи

Вулверхемптон е многу блиску до потписот на напаѓачот на Штутгарт, Саша Калајџиќ, кој беше еден од неколкуте играчи поврзани со трансфер во Манчестер Јунајтед.

„Волците“ почнаа преговори викендов. Моментално нудат 15 милиони фунти, но германскиот клуб сака 21 милион фунти. Разговорите на клупско ниво продолжуваат, додека личните услови на австрискиот стрелец на Штутгарт нема да бидат проблем. На играчот му е понуден петгодишен договор.

Калајџиќ, чиј договор истекува за една година, за Штутгарт во сите натпреварувања постигна 24 гола на 58 натпревари. Според информациите, напаѓачот сака да игра во Премиер лигата.

„Швабите“ на почетокот на месецот го привлекоа напаѓачот Лука Фајфер од составот на данскиот Митјиланд. Тој беше земен како заменик на Калајџиќ.