АПЕЛОТ на украинскиот претседател Володимир Зеленски до земјите од ЕУ да воведат забрана за Русите ја подели Европа, пишува Die Welt.
– Се повеќе земји воведуваат ограничувања на слободата на движење и самостојно го ограничуваат издавањето шенген визи за Русите. Сега барањето за забрана за влез во ЕУ е се погласно, но Германија го блокира – се наведува во изданието.
Написот забележува дека додека земјите со „болни сеќавања“ од советската ера инсистираат на забрани за визи, западноевропските земји како Германија, Франција и Холандија се противат на тоа.
Во последно време на Запад има се повеќе повици за затворање на влезот за Русите.
Вакви изјави дадоа премиерите на Финска и Естонија, Сана Марин и Каја Калас.
Еден ден, Латвија и Естонија објавија прекин на издавањето визи за Русите.
Руското Министерство за надворешни работи идејата за запирање на издавањето визи за граѓаните на земјата ја нарече шовинистичка, а одлуката на Талин антиестонска.