Ford испрати мејл до работниците: Поради новиот бизнис ќе бидат отпуштени 3.000 луѓе

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Американскиот производител на автомобили Ford отпушта околу 3.000 работници во обид да ги намали трошоците и да направи транзиција од автомобили со внатрешно согорување на електрични автомобили, пренесе nbcnews.

Раководството од Мичиген во е-пошта до вработените рекоа дека 2.000 работници со полно работно време ќе бидат отпуштени, заедно со уште 1.000 работници кои се на договор.

Извршниот претседател Бил Форд и извршниот директор Џим Фарли во е-пошта истакнаа дека ќе обезбедат бенефиции за сите отпуштени работници, како и дека ќе им помогнат да најдат ново вработување.

Тие исто така изјавија дека „Ford има шанса да стане лидер во новата ера на поврзани и електрични возила“.

„Градењето на иднината бара промени и преобликување на сите аспекти на начинот на кој функционираме повеќе од еден век“, се наведува во е-поштата и се додава: „Ова значи прераспределба на ресурсите и структура на трошоци што е неконкурентна за традиционалните и новите компании“.

Американскиот производител на автомобили откри дека неговата структура на трошоци не е конкурентна на General motors, Stellantis и Tesla.

„Се реорганизираме и ги поедноставуваме функциите во целиот бизнис“, се заклучува во мејлот до работниците.

Слични содржини