Полскиот претседател Анджеј Дуда денеска пристигна во Киев на разговори со украинскиот претседател Владимир Зеленски за понатамошна поддршка за Украина, која вклучува воена помош за земјата нападната од Русија, изјави началникот на неговиот Генералштаб, Павел Шрот.
„Посетата вклучува средба со претседателот Зеленски и разговори за воена помош и поддршка за Украина во економска, хуманитарна и политичка смисла“, изјави Шрот за новинарите, пренесува „Ројтерс“.
Минатата недела турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ја посети Украина, а по средбата со Зеленски изјави дека смета дека е негова мисија да посредува на средбата меѓу рускиот и украинскиот претседател во блиска иднина.