Медведев: Само договор со Русија може да обезбеди безбедносни гаранции за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
145 прегледи

Безбедносни гаранции за Украина може да се обезбедат само со договор со Русија, но украинските власти ја отфрлија таа можност, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Само договор со Русија можеше да обезбеди безбедносни гаранции. Но, украинската влада, стимулирана од западните пари и проектили, го отфрли тоа“, напиша Медведев на Телеграм.

Медведев смета дека Киев разбира дека за него нема и не може да има безбедносни гаранции, дури ни од САД, и оценува дека САД, како што наведе, „се закоравени егоисти и работат само за себе“, пренесува РИА Новости.