162
Советникот на украинскиот претседател Александар Родњански денеска за Би-Би-Си изјави дека многу цивили го напуштаат Киев во страв од руски напад на утрешниот Ден на независноста на Украина.
„Секако дека постои чувство на загриженост во воздухот“, рече Родњански.
„Постои ризик Русија да се обиде да нападне токму во тој момент за да ја надомести нивната неспособност да постигнат каков било успех на фронтот, да имаат каков било успех во покорувањето на Украина и во основа сите неуспеси во последните шест месеци“, рече Родњански.