Владата на денешната седница одобрила 1,1 милиони евра со кои ќе се санира каналoт за отпадни води во општина Арачиново, објави првиот вицепремиер Артан Груби.
„На денешната седница на Владата ја усвоивме одлуката за спроведување на постапка за јавна набавка за регулирање на ободниот канал во оваа општина. Исклучително важна инвестиција во вредност од околу 66 милиони денари во служба на квалитетниот живот на жителите на Арачиново“, објави министерот за политички систем.
Покрај тоа, прифатено е барањето на Министерството за земјоделство за надомест на штета на земјоделците од поплавите во 2016, 2017 и 2018 година во вкупен износ од 10% од претрпената штета.
„За брзо време ќе започне и процесот на исплата на предвидените средства“, искоментира Груби.