291
Горан Иванов е назначен за нов прв човек на Финансиската полиција на денешната седница на Владата.
Иванов е вработен во финансиската полиција како инспектор и е назначен за вршител на должност.
На Арафат Муареми му е истечен мандатот во февруари, но потоа уште 6 месеци ја извршуваше функцијата како в.д., а се повлече по судирот со обвинителката Вилма Русковска и по претресот којшто го изврши обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во Управата за финансиска полиција и во кабинетот на Муареми.