Најлошото сценарио во војната со Русија веќе помина, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников.
„Ние сме во фаза на стабилизирање на сите бојни полиња и линии на фронтот со мало движење на единиците и направивме многу добри мерки за одвраќање таму“, рече тој за Си-Ен-Ен.
Резников додаде дека верува оти Украина е на работ на нова фаза од војната и дека започнува контраофанзивна кампања „во другата насока“.
Резников оцени дека „синдромот на умор“ во меѓународната заедница е една од главните закани за борбата на Украина против Русија.
На прашањето на новинарот на Си-Ен-Ен дали се плаши дека меѓународната заедница ќе почне да се уморува од војната, тој одговори дека тоа го нарекува „синдром на умор“ и посочи дека тоа е многу опасно за Украина, пренесува „Танјуг“.
„Тоа го нарекувам синдром на умор и за мене тоа е една од главните закани“, рече тој. „Мораме да работиме за да ја затвориме таа закана, мораме да комуницираме, немојте да се изморите. Затоа што тоа е многу, многу опасно за нас“, рече тој.