На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути падна по знаците за забавување на растот на најголемата светска економија.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 108,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 108,90 поени. Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 137,40 на 136,85 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 0,9960 долари, додека вчера во ова време беше 0,9940 долари. Слабоста на еврото е последица на стравувањата на инвеститорите дека економијата на еврозоната ќе западне во рецесија поради енергетската криза, додека Европската централна банка треба повторно да ги зголеми каматните стапки поради високата рецесија.