308
Вкусен овошен колач кој лесно се подготвува.
Состојки:
– 250 гр вишни
– 4 јајца
– 180 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 300 гр брашно
– 1 прашок за пециво
– 130 гр јогурт
– 130 мл масло
– листови од бадем
– шеќер во прав
Подготовка:
Измешајте го брашното со прашокот за пециво и ванилиниот шеќер. Изматете ги јајцата и шеќерот додека не се стопи целиот шеќер.
Додадете масло, јогурт и брашно, па мешајте додека убаво не се соедини.
Истурете го тестото во подмачкан калап, па на него распоредете ги вишните и листовите од бадем.
Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
Изладениот колач посипете го со шеќер во прав и послужете.