Пред советниците во Општина Охрид во петок ќе се појави предлогот на градоначалникот Кирил Пецаков со кој се предвидува просторот на поранешанта касарна во Охрид да стане хотел.
Просторот од над 21 илјади метри квадратни, кој сега е едно од последните големи зелени површини во градот, треба да добие хотелски комплекс со основа на градба од над 12 илјади метри квадратни, со што згаснуваат надежите на охриѓани за парк на ова место.
Наместо парк и место за рекреација, земјиштето кај старата касарна ќе стане бетонско здание, за кое општината планира да инкасира само 1.528.133 денари по основ на долготраен закуп.
Сумата за која општината планира да се откаже од зеленилото и да дозволи некој да изгради хотел, од само еден и пол милиони денари е прениска за град кој е главно туристичко место во земјава.
Се чини бизнис интересите повторно се ставаат пред интересите на охриѓани и Охрид, но и пред зеленилото во градот, кој мака мачи со прекумерната бетонизација.