251
„СДСМ со своите одговорни политики посветено работи на реализација на стратешките цели на државата и граѓаните, поставени при осамостојувањето на државата. Станавме полноправна членка на НАТО, ги започнавме преговорите за членство во Европската унија. Процесот на евроинтеграција носи конкретни придобивки за државата и за граѓаните, унапредување на инфраструктурата, развој на економијата, раст на стандардот“, соопшти денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.
„Европската унија минатиот месец одобри грантови со вкупна вредност од 225 милиони евра за Северна Македонија, за големи инвестициски проекти“, истакна Каевски.