Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека постои ризик состојбата со шумските пожари да се влоши во европскиот дел на Русија и на нејзиниот далечен исток.
„Ризиците од влошување на ситуацијата остануваат не само во европскиот дел на земјата, туку и во одредени региони на далечниот исток, каде ситуацијата со пожарите е традиционално тешка“, рече Путин за време на состанокот со официјални лица на разговори за шумските пожари, пренесе „Интерфакс“.
Сезоната на шумски пожари во Русија, која станува се поштетна поради климатските промени, обично трае цело лето.