УЕФА предвреме го откри идеалниот тим и поединечните добитници на награди

од Vladimir Zorba
206 прегледи

УЕФА предвреме ги откри имињата на играчите кои влегоа во тимот на годината за изминатата сезона. Во принцип, составот требаше да биде објавен утревечер на церемонијата при ждрепката за групната фаза на турнирот. Сепак, европската централа денеска на својата веб-страница го објави техничкиот извештај за изминатата сезона, а во него се спорните идеални единаесетмина, но и добитниците на сите поединечни почести.

Тимот очекувано има најмногу претставници од финалистите во последното издание на Лигата на шампионите. Реал Мадрид и Ливерпул имаат по четири играчи во овој избор. Тибо Куртоа, Лука Модриќ, Карим Бензема и Виничиус Жуниор се претставници на победникот на турнирот. Трент Александер-Арнолд, Вирџил ван Дајк, Ендрју Робертсон и Фабињо се играчите на Ливерпул. Антонио Рудигер (Челси), кој исто така е играч на Реал од новата сезона, Кевин де Бруин (Манчестер Сити) и Килијан Мбапе (ПСЖ) се единствените фудбалери кои не се играчи на тимовите кои стигнаа до мечот за трофеј во мај.

Идеалниот тим на УЕФА го избира техничка комисија составена од 23 члена, вклучувајќи национални тренери и поранешни фудбалери.

Од истиот извештај јасно се гледа дека се очекува Карим Бензема да ја добие наградата за играч на сезоната, додека Виничиус за најдобар млад играч.

Тибо Куртоа е најдобар голман, а Карло Анчелоти е тренер на годината.

Слични содржини