Украинската химна за Денот на независноста се пееше и во Македонија

од Берта Китинска

Денеска повеќе од 50 Украинци на плоштадот Македонија со украински и македонски знамиња ја пееа украинската химна како дел од глобалната акција за постигнување светски рекорд за инведување на химната.

Украинците оваа година својот најголем национален празник го слават во време кога нивната земја е воено нападната од Русија.

Претседател Володимир Зеленски во денешното обраќањето по повод Денот на независноста вети дека неговата земја ќе се бори против руската инвазија „до крај“ и нема да прави „никаква отстапка или компромиси“

Слични содржини