Помеѓу карпите кај црквата „Канео“ пронајдено тело на женско лице

од Берта Китинска
233 прегледи

На 23.08.2022 во 15.35 часот во СВР Охрид било пријавено дека во водите на Охридското езеро, помеѓу карпите кај црквата „Канео“, било пронајдено тело на починато женско лице.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатото лице било дадено на обдукција.