Украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешниот говор пред Советот за безбедност на ОН ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) што поскоро да преземе постојана контрола врз ситуацијата во централата во Запорожје.
Тој исто така ја повика Русија целосно да се повлече од централата.
– Русија го доведе светот на работ на радијациска катастрофа. Факт е дека руската армија ја претвори територијата на најголемата нуклеарна централа во Европа, нуклеарната централа Запорожје, во воена зона. Сега Европа и соседните региони се соочуваат со закана од загадување со радијација, рече Зеленски.