168
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки го повика Ковачевски ако е толку убеден дека неговите политики имаат поддршка кај граѓаните, да оди на што поитни предвремени парламентарни избори.
-Со самото тоа што одби да оди на предвремени избори тој покажува дека нема 80 пратеници во Собранието за промена на Уставот и со тоа уште еднаш покажува дека неговите политики немаат поддршка кај граѓаните, кажа Ковачки во изјава за дневникот на телевизија Сител.