Канје Вест ослободен од обвинението дека удрил обожавател

од Stefanija Kuzmanovska
259 прегледи

Раперот Канје Вест со месеци е под истрага поради наводен физички напад на обожавател кој му побарал автограм.

Според странските медиуми, Канје во тој момент седел во автомобил, а по молбата на еден обожавател тој излегол од автомобилот и го удрил, а потоа исчезнал пред да дојде полицијата.

Сепак, Вест нема да биде тужен поради ова, поради недостиг на докази.

„По темелно и внимателно разгледување на сите докази, нашата канцеларија одбива да го поднесе документот врз основа на неоправдана веројатност за осуда“, рече портпаролот на обвинителството Роб Вилкокс.

Досега случајот се истражуваше како прекршок за кој максималната затворска казна е шест месеци.

Раперот таа вечер бил во друштво на тогашната девојка Џулија Фокс и уште неколку познати личности, кога се случил наводниот инцидент.

Слични содржини