Австрија е скептична за воведувањето забрана за патување во ЕУ за руските туристи.
„Со општа суспензија на издавањето визи, веќе не би биле можни ниту постоечките контакти со руското граѓанско општество“, предупредува министерството за надворешни работи на Австрија.
Министерството, за агенцијата АПА, посочува дека на тој начин ќе се спречат членовите на граѓанското општество, опозиционерите од Русија и членовите на семејствата на австриските граѓани да дојдат во ЕУ.
Полска, Чешка, балтичките и скандинавските земји се залагаат за воведување забрана за влез на руски државјани, односно делумна забрана.
Австрија, посочуваат од Министерството, смета дека ваквата мерка би била контрапродуктивна, пред сè, во борбата против руските дезинформации.
„Русите при патување во ЕУ имаат можност да дознаат што прави руската армија во Украина, додека во Русија има ембарго на вакви вести“, нагласуваат од Министерството.