Евробаскетот останува без големи ѕвезди поради повреди.
Прво се повреди грузиската кошаркарка Торнике Шенгелија, а сега на тренинг се повреди и ѕвездата на Шпанија и европската кошарка Серхио Љуљ.
Љуљ го повредил мускулот на еден тренинг, а таа повреда ќе го оддалечи од самиот Евробаскет, се вели во соопштението на шпанската федерација.
Со репрезентацијата на Шпанија освои седум медали и неговото отсуство значително ги намали шансите на Шпанците на ЕП.
Шпанија ќе игра во групата А против Турција, Белгија, Бугарија, Црна Гора и Грузија.
Откако Љуљ отпадна, има 13 кошаркари на кои ќе смета Серхио Скариоло. Списокот на тие кошаркари е следниов. Дарио Брузела, Лоренцо Браун, Руди Фернандез, Жем Фернандез, Усман Гаруба, Фран Гуера, Вили Хернангомез, Хуначо Ернангомез, Чави Лопет – Аростеги, Хуан Нуњез, Гел Прадиља, Жоел Пара и Себас Саиц.