„Хемофилтрација ми го спаси живот“: Група пациенти со поддршка на третманот во клиниката „Жан Митрев“

од Берта Китинска
243 прегледи

„Секоја приказна има две страни“, велат група пациенти кои се излечиле од Ковид 19 во клиниката Жан Митрев кои денеска повикаа медиуми за да дадат поддршка на сопственикот за кого скопското обвинителство води истрага за измама.

Велат биле во животна опасност, но третманот во Клиниката и хемофилтрацијата им помогнале повторно да застанат на нозе.

Тврдат дека сами се организирале преку телефон или на социјалните мрежи и дека засега потпишани се 20 тина но дека и други ќе им се придружат.

-Никој не ме натерал да дојдам и да платам. Бев во тешка ситуација од ковидот предходно бев здрав, прав, спортист, сам дојдов до клиникат и по првата хемодијализа веќе се опоравив и почнав да јадам.Кои се поседлиците на тоа лекување? Тоа што ми го спаси живот, вели еден од пациентите во изјава за медиумите.

Слични содржини