Роналдо се враќа во Спортинг! Доверлив извор тврди дека се е завршено

од Vladimir Zorba

Време е за враќање дома! Според крајно доверливиот извор „Caught Offside“, Кристијано Роналдо е на прагот да се врати во клубот во кој ја започна сениорската кариера – Спортинг Лисабон.

Цело лето се зборуваше дека Португалецот ќе смени средина и дека е на прагот да го напушти Манчестер Јунајтед, но сепак сезоната ја започна во дресот на тимот од „Олд Трафорд“.

Се зборуваше за многу клубови, вклучувајќи го и Спортинг, но малку реално изгледаше дека Роналдо е подготвен да се врати во родната земја.

Меѓутоа, тоа сега е променето. Според добро информиран извор, кој често го цитира најсигурниот европски трансфер новинар Фабрицио Романо, речиси се е решено и Роналдо ќе се врати во Лисабон.

Актуелниот шампион на Португалија од петок ќе почне да се подготвува за промоција на Кристијано, кој се очекува што поскоро да дојде во Спортинг и со тоа да го „затвори кругот“.

Слични содржини