Закажано судењето за убиството на ракометарот Денис Тот

од Берта Китинска
274 прегледи

Судењето за убиството на хрватскиот ракометар, Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во градскиот парк во Скопје, почнува на 5 септември.

Хрватскиот ракометар на клубот Бутел, почина од повреди на мозкот настанати од физичко насилство.

Според истрагата на обвинителството, Тот бил удиран со боксови и клоци во градскиот парк пред дискотеката „Привилиџ“, од страна на двајца мажи на возраст од 28 и 22 години и 19 годишна девојка, по претходна вербална расправија. По првичните удари, за сега починатиот ракометар, фатален бил падот на асфалтот, каде удрил со задниот дел од главата и загубил свест. Тројцата, иако тој бил во бессознание продлжиле да го удираат, а потоа без да му помогнат побегнале.

„Лице вработено во ноќниот клуб повикало Итна медицинска помош по што сега починатиот бил пренесен на Ургентниот центар при Клиниките „Мајка Тереза“. Според информациите од лекарите што го примиле сега починатиот, лицето имало престанок на работата на срцето, масивен оток на мозокот, пресечен јазик и висока телесна температура. По приемот бил ставен на апарати за дишење и бил во животно загрозувачка состојба, а наредниот ден и покрај обидите за реанимација починал.“ – кажа од Обвинителството.

Обвинетите за убиството се Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски.

Слични содржини