148
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вечерва дека Меѓународната агенција за атомска енергија и другите светски тела мора да дејствуваат многу побрзо за да ги принудат руските сили да ја напуштат територијата на нуклеарната централа Запорожје.
„Секоја минута што руската војска ја поминува во нуклеарна централа е ризик што може да предизвика глобална нуклеарна катастрофа“, рече Зеленски во своето видео обраќање, пренесе Ројтерс.