ПО ГРЕШКА истрелана крстаречка ракета: Индија и Пакистан повторно на работ на конфликт

од Stefanija Kuzmanovska
265 прегледи

Индија отпушти тројца офицери на воздухопловните сили затоа што „по грешка“ истрелана крстаречка ракета кон Пакистан на 9 март, што дополнително ги наруши и онака сложените односи меѓу двете земји.

Суперсоничната крстосувачка ракета „Брахмос“, која заеднички ја развија Индија и Русија, прелета околу 120 километри пред да се сруши на пакистанска територија.

Пакистанските власти ја предупредија Индија за „можните непријатни последици од таквото дејствие“.

Односите меѓу Индија и Пакистан со децении се на работ на конфликт поради статусот на Кашмир, територија за која и двете земји имаат претензија. Во неколку наврати избувнаа конфликти меѓу двете земји, а властите во Делхи го обвинуваат Исламабад дека ги поддржува тамошните сепаратисти.

Слични содржини