Силвестер Сталоне ја откри причината за разводот – еве што кажа за сопругата

од Stefanija Kuzmanovska
351 прегледи

Разводот на Силвестер Сталоне го привлече вниманието на странските медиуми, а сега се појавија нови информации за причините за разделбата од неговата сопруга Џенифер Флавин, а се огласи и самиот актер.

Имено, двојката наводно имала жестока расправија за ротвајлерот кој славниот актер многу го сакал, додека неговата сопруга не го сакала во нивниот дом.

Сите се прашуваа дали е потребна ваква тривијална причина за развод по 25 години љубов, но изворите дополнително објаснуваат дека Сталоне дури и ја покрил тетоважата на својата сопруга со кучето, што самиот тој го објавил подоцна на Инстаграм.

Флавин беше таа што поднесе барање за развод минатиот петок, а покрај тоа го обвини и славниот Роки за преместување на имотот од брачните фондови.

Сталоне вели дека новото куче не е причината за разделбата, иако е вистина дека се карале кој ќе се грижи за него, со оглед на тоа дека многу патуваат за снимања и слично.

– Разделбата во бракот не настана поради толку тривијална причина. Едноставно секој тргна во друга насока. Многу ја почитувам Џенифер. И секогаш ќе ја сакам, таа е неверојатна жена. Најмилата личност која некогаш сум ја запознал“, изјави тој за TMZ.

Слични содржини