Челси ќе направи изненадувачки трансфер. „Сините“ од Лондон се во напредни преговори за играчот од средниот ред на Динамо (Москва), Арсен Захарјан. Веста ја пренесе „Спорт-Експрес“, а потоа ја потврди и италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио.
Откупната клаузула за странски клубови во договорот на Захарјан е вредна 15 милиони евра и нема да биде проблем Челси да ја плати. Агентот Рафаел Пимиента работи на зделката.
„Захарјан во Челси? Се е многу блиску“, концизен на темата беше репрезентативецот на Русија, Павел Андреев.
Захарјан е роден во Самара и е младински играч на локалната Крилја Советов, а од 2017 година е дел од Динамо (Москва). Тој дебитираше за машкиот тим на „бело-сините“ на 1 ноември 2020 година против Тамбов и многу брзо почна да го открива својот потенцијал. Повеќето експерти во Русија го дефинираат како наголемиот талент во земјата.
Досега 19-годишниот играч од средниот ред одигра 52 натпревари за Динамо со 13 гола и 16 асистенции. Неговиот договор со клубот е до летото 2024 година.