Џиновски споменик исчезна во секунда: Летонија уништи рускиот симбол (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
422 прегледи

Во Летонија, споменикот на Рига, еден од највисоките од советската ера, беше урнат, во согласност со законот усвоен по руската инвазија на Украина, и покрај протестите на руското малцинство во оваа балтичка држава.

Инаку, споменикот висок 79 метри, поставен помеѓу 1979 и 1985 година во знак на сеќавање на победата на советската армија над нацистичка Германија, беше уништен со помош на машини.

Според западните медиуми, тој станал собиралиште на приврзаниците на Кремљ во Летонија.

Да потсетиме, Летонија, како и нејзините балтички соседи Литванија и Естонија, се дел од Европската Унија и НАТО и ѝ даде силна поддршка на Украина по руската инвазија на таа земја.

Секоја година, илјадници Руси, кои сочинуваат околу 30 отсто од населението на Летонија, се собираат на 9 мај за да ја одбележат победата во 1945 година.

Од друга страна, повеќето Летонци го гледаат тој датум како почеток на речиси 50-годишната советска окупација која заврши во 1991 година.

Речиси сите споменици и плочи од советската ера, освен оние на воените гробишта, беа отстранети во 1991 година, а споменикот на Рига е заштитен со договор од 1994 година меѓу Република Летонија и Руската Федерација.

Слични содржини