Во Италија 120.000 компании се пред затворање

од Stefanija Kuzmanovska
290 прегледи

Околу 120.000 италијански компании се изложени на ризик од затворање од сега па се до првата половина на следната година поради растот на цените на енергијата, војната во Украина и зголемената инфлација, објави малопродажната асоцијација Confcomercio.

„Енергетската спирала и инфлацијата, која е над осум проценти и која, според очекувањата, ќе продолжи да расте поради поскапувањето на енергетските суровини, загрозува од сега до крајот на првите шест месеци од 2023 година околу 120.000 компании во услужниот сектор“, се вели во соопштението на Confcomercio, според чии проценки 370.000 работни места се загрозени.

Трошоците на услужниот сектор за енергија ќе изнесуваат 33 милијарди евра во 2022 година, што е три пати повеќе во споредба со 11 милијарди евра во 2021 година и повеќе од двојно во однос на 14,9 милијарди во 2019 година.

„Тоа е сценарио кое предизвикува голема загриженост“, посочуваат од Confcomercio, пренесува „Танјуг“ и ја повикуваат владата да обезбеди поголема помош за компаниите кои се во неволја.

Слични содржини