206
Експлозивна направа е активирана денеска во Багдад, во место каде се наоѓаат амбасади на странски држави и бројни институции.
Во тој момент австралискиот дипломатски конвој се движел кон областа, пренесува АП, повикувајќи се на двајца неименувани функционери од безбедносните служби.
Засега нема информации за повредени, а конвојот успеал да влезе во Зелената зона. Експлозијата доаѓа додека австралиската дипломатска мисија се обидува да посредува меѓу влијателниот шиитски свештеник Муктада ал-Садр и коалицијата на ривалските шиитски партии поддржани од Иран за да се стави крај на една од најголемите политички кризи во Ирак во последниве години.
Политичката сцена во Ирак е поделена меѓу двата блока од изборите во октомври минатата година.