Обилни врнежи и големи поплави во Пакистан: Загинаа повеќе од 900 луѓе (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
232 прегледи

Повеќе од 33 милиони луѓе се погодени од обилните врнежи и големите поплави во Пакистан.

Од јуни, повеќе од 900 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од монсунските дождови, повеќе од 400.000 куќи и станови се уништени низ целата земја, а 184.000 луѓе се раселени.

Министерката за клима Шери Реман изјави за „Ројтерс“ дека земјата се справува со „хуманитарна катастрофа од епски размери“.

Затоа кутриот Пакистан побара дополнителна меѓународна хуманитарна помош.

Реман рече дека нејзината земја сега минува низ својот осми циклус на монсуните, „додека обично има само три до четири циклуси на дожд“, пренесува Би-Би-Си.

Слични содржини