Со почетокот на слободните тренинзи за Големата награда на Белгија денеска во Спа, се појавија вести за возачите кои ќе добијат нови погонски системи и затоа во недела ќе стартуваат од дното на гридот.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ќе добие петти погонски агрегат оваа сезона.
А малку подоцна се покажа дека истото ќе се случи и со светскиот шампион и лидер во пласманот Макс Верстапен (Ред Бул), како и со Ландо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Алпин), Валтери Ботас (Алфа Ромео) и Мик Шумахер (Хаас). Најверојатно до крајот на денот ќе има уште возачи кои ќе добијат нови погонски единици.
Спа се смета за соодветна патека за вакви решенија, бидејќи претекнувањето е лесно, а новиот погонски агрегат секогаш дава предност на патеката во Белгија, каде што секогаш помага поголема моќност. Следниот старт на 4 септември е во Зандворт, каде претекнувањето е многу потешко. За 11 септември на „Монца“ треба да очекуваме нова серија на нови мотори и хибридни системи.
Ферари неофицијално соопштија дека Карлос Саинц нема да добие нов погон во Белгија, а истото треба да се случи и со Серхио Перез, со што ќе станат главни претенденти за победа во недела заедно со возачите на Мерцедес, за кои се уште нема информации дали ќе добијат или не нови велосипеди.