Српскиот тренер Дејан Станковиќ поднесе оставка од функцијата шеф на стручниот штаб на Црвена звезда.
Елиминацијата од Макаби Хаифа од плеј-офот за Лигата на шампионите целосно го разочара поранешниот фудбалер.
„Црвена ѕвезда е мојата голема љубов, неопислива емоција. Сега, по третиот обид да ја внесам во Лигата на шампионите, се чувствувам целосно празно, бидејќи не успеав да и дадам на мојата најголема љубов она што најмногу го посакував. Не можам да продолжам. Дадов се од себе. Сега некој друг треба да се обиде. За мене овие три години се најубавиот дел од фудбалскиот живот. Нешто што дополнително ме изгради, ме правеше подобар и подобар. Благодарност до играчите, управата и навивачите кои се одговорни за тоа. Секогаш ја чувствував нивната поддршка. Токму затоа одлучив да заминам во знак на благодарност и посакувам Звезда секогаш да биде најдобра. Ви благодарам на сите за прекрасното време на Маракана. Верувам дека годините на успех се само пред клубот, а јас секогаш ќе бидам тука за мојата Звезда, секогаш со целото мое срце, бидејќи Звезда е живот, а останатото се ситници“, ја објасни својата одлука Дејан Станковиќ.
Потенцијални наследници на клупата на српскиот шампион би можеле да бидат Миодраг Гроф Божовиќ, Владан Милојевиќ или Милош Милојевиќ.
Дејан Станковиќ ја напушта функцијата како освојувач на двојната круна и учесник во групната фаза од Лигата на Европа.