190
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја извезла милион тони земјоделски производи преку Црното Море.
Зеленски го изјави ова доцна во петокот навечер, за време на неговото редовно ноќно обраќање.
„Од првиот ден на август, 44 бродови со украински житарки тргнаа од нашите пристаништа во 15 земји. Севкупно се работи за милион тони производи. Добивме барања за уште 70 бродови“, нагласи Зеленски, зборувајќи за извозот започнат по договорот постигнат со Турција и Обединетите нации на крајот на јули.
Целта на Украина и Киев е да извезат три милиони тони во рок од еден месец, додаде украинскиот претседател, а пренесува агенцијата Ројтерс.