Русија го блокираше договорот за неширење нуклеарно оружје

од Vladimir Zorba
206 прегледи

Русија ја блокираше изјавата во Обединетите нации со цел зајакнување на Договорот за неширење на нуклеарното оружје, бидејќи Москва се спротивстави на клаузулата поврзана со контролата на нуклеарната централа Запорожје во Украина.

Синоќешната последна седница беше одложена повеќе од четири часа поради одбивањето на Русија да потпише изјава за поддршка на договорот, во кој се споменува нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на руските сили, наведува Гардијан.

Во дел од завршниот нацрт на текстот вчера беше нагласена „најголемата важност да се обезбеди контрола врз нуклеарните капацитети од страна на надлежните украински власти, како што е нуклеарната централа Запорожје“.

Руската делегација беше единствената против договорениот текст, но ја обвини Украина и нејзините „заштитници“ за неуспехот на конференцијата, нарекувајќи ги преговорите „еднострана игра“, пишува „Гардијан“.

По изјавата, руската делегација ја напушти салата на ОН.

Договорот за неширење на нуклеарното оружје беше склучен во 1968 година, во кој државите кои поседуваат нуклеарно оружје се обврзаа да се разоружаат, додека државите без нуклеарно оружје ветија дека нема да го набават, а ова е втора петгодишна конференција без заедничка изјава со која државите повторно би се обврзале на целите на договорот, наведува британскиот весник.

Во четвртокот електраната Запорожје беше привремено исклучена од украинската електрична мрежа, но врската беше повторно воспоставена.

Слични содржини