519 санкции за брзо возење

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (26.08.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 519 возачи.

Од нив 30 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 286 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 233 надвор од населено место.

Слични содржини