Им понудил 50 евра на граничарите за да побрзаат со пасошите, притвор за возач од Албанија

од Берта Китинска
169 прегледи

На 26.08.2022 во 20.55 часот на Граничниот премин “Долно Блаце“ на влез во РС Македонија, приведен е О.Б.(43) од Албанија, поради нудење поткуп. О.Б., кој бил заменски возач на автобус со албански национални ознаки, влегол во службената просторија на раководителот на смена и понудил банкнота од 50 евра за наводно да се забрзала контролата на патните исправи на патниците.

Веднаш е лишен од слобода и за настанот бил известен Јавен обвинител кој наредил пријавениот да биде задржан и против него е поднесена кривична пријава, по што му е одредена мерка притвор.

Слични содржини