Србија, Косово и Европската унија: Постигнат договор меѓу Белград и Приштина за личните карти

од Берта Китинска
218 прегледи

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел на Твитер објави дека е постигнат договор меѓу Србија и Косово за личните документи.

Како што наведе, Србија се согласила да ги укине влезно-излезните документи за имателите на косовски лични карти, а Косово да не ги воведува за граѓаните со српски лични карти.

Борел напиша дека со ова косовските Срби, како и сите други граѓани, ќе можат слободно да патуваат меѓу Косово и Србија користејќи ги нивните лични карти. Тој посочи и дека Европската Унија за ова добила гаранции од премиерот на Косово, Албин Курти. Прашањето за таблите засега не се споменува.