Маричиќ објасни што ќе донесе членството во ЕУ за македонските вина и храна

од Vladimir Zorba
202 прегледи

„Виното е еден од нашите најважни стратешки производи и втор најизвезуван во Европската Унија, која е најзначен партнер во трговијата со земјоделско-прехранбени производи на Северна Македонија. Европската комисија веќе ја усвои програмата за ИПАРД 3 во која се доделени 97 милиони евра, европски средства кои ќе се искористат за поддршка на инвестиции во нова земјоделска механизација, изградба на сточарски и живинарски фарми, винарии, млекари, кланици, ладилници, инвестиции во рурален туризам, поддршка за мали бизниси во рурални средини и подобрување на руралната инфраструктура“, пишува вицепремиерот Бојан Маричиќ.

„Благодарение на континуираната поддршка која ја добиваат нашите земјоделци, македонските вина и храна имаат свој препознатлив печат и се почитувани не само на Балканот, туку и низ светот. Со членството во Европската Унија, во областа на вино и храна, ќе се овозможи:

* Македонските земјоделци да имаат слободен пристап на единствениот пазар на ЕУ.

* Северна Македонија да биде дел од Европската економска зона и од единствениот пазар на државите членки на ЕУ, со што се отвораат нови можности за македонските производители.

* Да регистрираме и заштитуваме земјоделски производи, кои се веќе регистрирани и заштитени со национални ознаки на потекло, географско потекло или гарантиран традиционален специјалитет.

* Пристап до значаен дел од фондовите на ЕУ, кои ќе бидат на располагање за финансирање на руралниот развој, со кои македонските земјоделци ќе имаат можност за полесно модернизирање на земјоделството и производство на многу поквалитетни и поконкурентни производи.

* Отворен пазар за произведената македонска храна.

* Подобрен квалитет и хигиена на храната, 100% безбедна, сигурна и конкурентна на европскиот пазар.

Градејќи партнерства и пријателства, регионално и глобално се поврзуваме за нови соработки, можности и перспективи“, додаде тој, потсетувајќи дека Саемот за вино, храна и туризам на Отворен Балкан од 1 до 4 септември во Белград е собирот каде ќе може да се вкусат и искусат автентичните македонски вина и храна..

Слични содржини