Британско разузнавање: Руските војници му се потсмеваат на Шојгу

од Vladimir Zorba
298 прегледи

Британското Министерство за одбрана објави нови разузнавачки информации за војната во Украина, а посебно се фокусираа на рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу.

„Неодамнешните извештаи од независните руски медиуми тврдат дека поради проблемите со кои се соочува Русија во војната против Украина, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу сега е маргинализиран во руското раководство, а оперативните команданти директно му известуваат на претседателот Путин за напредокот на војната“, велат од британското разузнавање.

Тие додаваат дека сега руските офицери и војници со искуство на терен, поради слабиот напредок на бојното поле „му се потсмевале на Шојгу за неговото неефикасно водство“.

„Шојгу долго време се бореше против својата репутација поради значителен недостаток на воено искуство, бидејќи поголемиот дел од својата кариера го помина во градежниот сектор и Министерството за вонредни ситуации“, се вели во соопштението на британското Министерство.

Слични содржини