ЗЕЛЕНСКИ ВЕТИ ДЕКА ЌЕ ГО ВРАТИ ДОНБАС: Нема да заборавиме ниту еден град

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на неговото вечерно обраќање рече дека Украина ќе го врати Донбас, кој сега е речиси целосно окупиран од руските сили.

– Не заборавивме и нема да заборавиме ниту еден наш град и ниту еден наш граѓанин, рече тој.

– Сега Донбас е речиси уништен од руските удари, уништен. Гордиот и познат украински Доњецк беше понижен од руската окупација и ограбен. Но, Украина ќе го врати. Сигурно. Животот ќе се врати. Достоинството на жителите на Донбас ќе биде вратено. Способноста за живеење ќе се врати. Можноста да се живее безбедно и среќно, додаде украинскиот претседател.

Според неговите зборови, тоа ќе биде симболизирано со украинското знаме „кога ќе го поставиме во Доњецк, Горловка, Мариупол, во сите градови на Донбас, Азовската област, во сите области под руска окупација – во Харков, Запорожје, Керсон. И дефинитивно на Крим“.

– Украина памети се, рече Зеленски.

САД и помагаат на Украина да се подготви за претстојната контраофанзива против Русија, тврди „Вашингтон пост“ во авторски текст објавен оваа недела, посочувајќи на видовите на оружје што ја сочинуваат најновата серија воена помош што Пентагон му ја вети на Киев.

Минатиот месец, голем број високи украински функционери сугерираа војската на земјата да започне контраофанзива на југот на земјата во август за да го врати градот Керсон.

Слични содржини